ИРАН ГО ДОБИЛ АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН ЗА ПРИМИРЈЕ, ЕДНИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ОТФРЛЕН, ДРУГИ ДЕКА СЕ РАЗГЛЕДУВА

    ИРАН ГО ДОБИЛ АМЕРИКАНСКИОТ ПЛАН ЗА ПРИМИРЈЕ, ЕДНИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ОТФРЛЕН, ДРУГИ ДЕКА СЕ РАЗГЛЕДУВАИранската армија му порача на Доналд Трамп дека не прифаќа преговори со САД (Фото: АП)

    Иран сѐ уште ги анализира предлозите на САД за завршување на војната, и покрај првичниот негативен одговор, изјави еден ирански функционер. Техеран јавно ја отфрла можноста за преговори со владата на Доналд Трамп, но одложувањето на формалното одбивање на планот со 15 точки доставен преку Пакистан, навестува дека некои личности во Иран можеби го разгледуваат.

    Иранската државна телевизија „Прес“ цитираше висок ирански политички функционер, кој кажа дека Иран го одбил планот на САД, опишувајќи го како претеран.

    Иран ќе ја заврши војната кога ќе одлучи да го стори тоа и кога ќе бидат исполнети неговите услови“, рекол функционерот.

    Според него, Иран има свои пет услови за завршување на војната: целосно запирање на агресијата и атентатите од страна на непријателот, воспоставување конкретни механизми за да се обезбеди дека војната нема повторно да му се наметне на Иран, гарантирана и јасно дефинирана исплата на воена отштета, завршување на војната на сите фронтови и меѓународно признавање на сувереното право на Иран да има власт над Ормускиот Теснец.

    Планот нa САД засега не е официјално претставен, но големи делови од него се појавија во некои американски и израелски медиуми. Според планот, Иран би добил помош од САД во развојот на цивилен нуклеарен проект за производство на електрична енергија, укинување на сите санкции и отстранување на заканата дека тие повторно би можеле да бидат воведени.

    Израелската телевизија „Ченл 12“ објави што се бара од Иран. Тоа, меѓу другото, вклучува затворање и уништување на нуклеарните постројки во Натанз, Исфахан и Фордоу, размонтирање на сите постоечки нуклеарни капацитети и ветување дека никогаш нема да се стреми кон нуклеарно оружје. Од Иран се бара да го отвори Ормускиот Теснец, кој би станал слободна поморска зона и да се откаже од поддршката за прокси групите во регионот, како Хезболах.

    Друг ирански функционер изјави дека овие предлози и натаму се разгледуваат.

    Иако иранската армија му порача на Доналд Трамп дека не прифаќа преговори со САД и негираше дека тие се во тек, висок ирански функционер потврди дека Техеран добил предлог и рече дека разговорите, доколку продолжат, би можеле да се одржат во Пакистан или во Турција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира