ИЗРАЕЛ ГИ ТРГНАЛ МИНИСТЕРОТ АРАГЧИ И СПИКЕРОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ ОД ЛИСТАТА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА ЗА ДА ИМА СО КОГО ДА СЕ ПРЕГОВАРА

    ИЗРАЕЛ ГИ ТРГНАЛ МИНИСТЕРОТ АРАГЧИ И СПИКЕРОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ ОД ЛИСТАТА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА ЗА ДА ИМА СО КОГО ДА СЕ ПРЕГОВАРААрагчи кажа дека Иран нема намера да преговараат со САД (Фото: ДХА)

    Израел ги тргнал иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф од својата листа за ликвидација откако Пакистан го побарал тоа од САД, изјави еден пакистански функционер.

    „Израелците ги имале нивните координати и сакале да ги елиминираат, но им рековме на САД, ако и тие го сакаат тоа, тогаш ќе нема со кого да разговараат во Иран. Затоа САД побараа од Израел да се повлечат“, изјави извор од Пакистан.

    „Вол стрит џурнал“ прв објави дека двајцата високи ирански функционери се привремено тргнати од израелската листа за ликвидација, додека се испитуваат можности за мировни преговори.

    Пакистан, Египет и Турција ја презедоа улогата на посредници помеѓу САД и Иран, додека се засилуваат напорите за крај на четиринеделната војна. Пакистан одржува директен контакт и со Вашингтон и со Техеран во време кога таквите канали се замрзнати за повеќето други земји. Исламабад се смета и за веројатно место за одржување мировни преговори.

    Иран потврди дека го разгледува американскиот план со 15 точки, што му бил испратен преку Пакистан. Доналд Трамп тврди дека Иран е очаен да склучи договор, додека Арагчи кажа дека немаат намера да преговараат со САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира