ЛУКАШЕНКО МУ ПОДАРИ ПУШКА НА КИМ ЏОНГ УН, РЕЧЕ ЌЕ МУ СЕ НАЈДЕ АКО СЕ ПОЈАВИ НЕПРИЈАТЕЛОТ

    ЛУКАШЕНКО МУ ПОДАРИ ПУШКА НА КИМ ЏОНГ УН, РЕЧЕ ЌЕ МУ СЕ НАЈДЕ АКО СЕ ПОЈАВИ НЕПРИЈАТЕЛОТЛукашенко и Ким потпишаа договор за пријателство (Фото: Белта)

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко му подари автоматска пушка на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун откако потпишаа договор за пријателство во Пјонгјанг. Двајцата лидери се согласија да соработуваат поблиску и да се спротивставуваат на притисокот од западот.

    „Ви ја донесов пушката за секој случај, ако се појави непријателот“, му кажа Лукашенко на Ким.

    За возврат, Ким му подари меч и вазна со ликот на Лукашенко.

    „Можам да ви кажам како пријател, како човек кој веќе се видел во светот: вашата земја ја очекува голема иднина со вреден и дисциплиниран народ. Во време кога нормите на меѓународното право отворено се игнорираат и кршат од страна на властите, земјите треба да соработуваат во заштитата на својот суверенитет и во подобрувањето на благосостојбата на граѓаните“, додаде Лукашенко.

    Тој го опиша договорот за пријателство како фундаментален, додека Ким рече дека со него ќе се гарантира стабилниот развој на билатералните односи.

    И Северна Кореја и Белорусија се под строги санкции од западот.  Пјонгјанг испрати големи количини муниција и илјадници војници за да ѝ помогне на Русија во војната против Украина. Во порака до Путин оваа недела, Ким рече дека Пјонгјанг секогаш ќе биде со Москва.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира