САД МОЖАТ ДА ПОТВРДАТ ДЕКА Е УНИШТЕНА САМО ЕДНА ТРЕТИНА ОД ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ ПО ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ВОЈНА

    САД МОЖАТ ДА ПОТВРДАТ ДЕКА Е УНИШТЕНА САМО ЕДНА ТРЕТИНА ОД ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ ПО ЧЕТИРИ НЕДЕЛИ ВОЈНАИран и натаму секојдневно изведува одмазднички напади врз земјите од Заливот (Фото: АП)

    САД можат со сигурност да потврдат дека е уништена само една третина од огромниот ракетен арсенал на Иран, иако од почетокот на војната изминаа четири недели, изјавија пет извори од американското разузнавање. Статусот на една третина е помалку јасен, а бомбардирањата веројатно ги оштетиле, уништиле или закопале проектилите во подземните бункери и тунели.

    Тие додаваат дека слични се проценките и за иранските способности за лансирање дронови и дека околу една третина е сигурно уништена.

    Оваа проценка покажува дека иако повеќето ирански ракети се или уништени или недостапни, Техеран сè уште има значителен арсенал. Разузнавачките информации се во спротивност со јавните изјави на Доналд Трамп дека Иран сега „има многу малку ракети“. Тој призна дека преостанатите проектили и дронови ќе претставуваат опасност за секоја можна копнена операција во Иран, за што и натаму се размислува.

    Претставник на Пентагон изјави дека иранските напади со ракети и беспилотни летала се намалени за околу 90% од почетокот на војната.

    Централната команда на американската војска оштетила или уништила 66% од иранските капацитети за производство на ракети и дронови“, додаде тој.

    Војската кажа дека погодила повеќе од 10.000 воени мети во Иран досега и дека се уништени 92% од големите бродови на иранската морнарица.

    Израелската војска тврдеше дека Иран пред почетокот на војната имал 2.500 балистички ракети способни да го погодат Израел, додавајќи дека досега се неутрализирани 70% од иранските ракетни лансери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира