ТРИ СЛИКИ ВРЕДНИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ВО ТРИМИНУТЕН ГРАБЕЖ ВО ИТАЛИЈА

    ТРИ СЛИКИ ВРЕДНИ ДЕВЕТ МИЛИОНИ ЕВРА УКРАДЕНИ ВО ТРИМИНУТЕН ГРАБЕЖ ВО ИТАЛИЈАЕдна од украдените слики е „Риби“ на Реноар од 1917 година, вредна околу шест милиони (Фото: Гугл)

    Слики на Реноар, Сезан и Матис вредни неколку милиони евра се украдени од музеј близу италијанскиот град Парма. Четири маскирани лица упаднале во вилата на Фондацијата „Мањани Рока“, при што однеле три слики од Огист Реноар, Пол Сезан и Анри Матис.

    Италијанските медиуми објавија дека бандата влегла и излегла од објектот во рок од три минути, а активирањето на алармот ја спречило да украде повеќе слики. Крадците влегле во вилата низ главниот влез и ги собрале сликите од Француската соба на првиот спрат.

    „Бандата се чини структурурана и организирана. Таа веројатно имала намера да украде уште слики, но се активираа алармите, по што беше повикана полиција“, соопшти Фондацијата.

    Вкупната вредност на украдените дела се проценува на девет милиони евра, од што само сликата „Риби“ на Реноар од 1917 година вреди околу шест милиони.

    Фондацијата „Мањани Рока“ е востановена во семејниот дом на композиторот и колекционер Луиџи Мањани по неговата смрт во 1984 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира