Стојанче Јовановски, кој е обвинет за наведување на самоубиство на сопругата Ивана Стојаноска на втори март, на денешното судење прво се изјасни за виновен за тешка телесна повреда при семејно насилство и загрозување на сигурноста (нејзина и на детето), а потоа се премисли.
„Се чувствувам виновен само за тешка телесна повреда во семејно насилство и за загрозување на сигурноста, зашто ме изневеруваше. Не сум ја натерал да се самоубие. Мартин Саздов ја наведе на самоубиство. Он ѝ се закануваше, он ја натера на самоубиство”, почна да плаче обвинетиот.
- „МАМА ВАКА ЧУЧНУВАШЕ ДОЛЕ ЗА ТАТО ДА ЈА ШУТИРА, ТЕ МОЛАМ БАБО НЕ КАЖУВАЈ”, Ѝ РАСКАЖУВАЛА ПОКОЈНАТА 6-ГОДИШНА КАТЈА НА БАБАТА КОЈА СВЕДОЧИ НА СУДЕЊЕТО НА СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ
- ОБВИНЕТИОТ СТОЈАНЧЕ ЈОВАНОВСКИ, КОЈ ЈА НАВЕДЕ СОПРУГАТА ИВАНА ДА СКОКНЕ ОД ШЕСТИ КАТ СОСЕ 6-ГОДИШНАТА ЌЕРКА, СЕ СМЕЕШЕ ДОДЕКА ОБВИНИТЕЛКАТА ЧИТАШЕ ШТО ИМ ПРАВЕЛ
Судијата Ивица Стефановски му рече:
„Ај сега без плачење, кажете Стојанче дали се чувствувате виновен и за кои од овие три кривични дела се изјаснувате за виновен”.
Јовановски повтори дека само за двете дела е виновен и одговори потврдно дека е свесен оти ќе добие казна за тие две дела веднаш. Рече дека доброволно ја дава изјавата за признание на вина.
Потоа беше контрадикторен: „Мартин Саздов (сведок) ме присилуваше да признаам вина”.
На прашање од судијата, кажа дека има потреба од психијатар, но од притворот во Шутка само еднаш го однеле.
Јовановски на прашања од судијата рече дека сведокот Мартин Саздов го терал да ја тепа Ивана, дека тој го натерал да ги остави на 2 март горе сами Ивана и ќеркичката Катја, по што таа скокна од станот на шести кат во Карпош, сосе ќерката.
Судијата констатираше дека сепак признанието на вина не било дадено доброволно по што веднаш почна доказната постапка.
С. К. ДЕЛЕВСКА



