ШПАНИЈА ГО ЗАТВОРИ СВОЈОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ АВИОНИ ВКЛУЧЕНИ ВО ВОЈНАТА СО ИРАН

    ШПАНИЈА ГО ЗАТВОРИ СВОЈОТ ВОЗДУШЕН ПРОСТОР ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ АВИОНИ ВКЛУЧЕНИ ВО ВОЈНАТА СО ИРАНМинистерката за одбрана Маргарита Роблес вели дека Шпанија не сака на ниеден начин да придонесе кон војната во Иран (Фото: АП)

    Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во војната против Иран, објави министерката за одбрана Маргарита Роблес. Шпанија претходно им забрани на САД да ги користат заедничките воени бази во земјата за изведување напади врз Иран.

    „Ние не одобруваме ниту употреба на воени бази, ниту употреба на нашиот воздушен простор за дејствија поврзани со војната во Иран“, изјави Роблес.

    Затворањето на воздушниот простор ги принудува воените авиони да ја заобиколат Шпанија на пат кон нивните цели на Блиски Исток, но тоа не вклучува итни ситуации, објави весникот „Ел Паис“.

    „Оваа одлука е дел од одлуката што веќе ја донесе шпанската влада да не учествува или да не придонесува кон војна што беше започната еднострано и спротивно на меѓународното право“, рече министерот за економија Карлос Куерпо.

    Шпанскиот премиер Педро Санчес е еден од најгласните европски противници на американско-израелските напади врз Иран, сметајќи дека се неодговорни и нелегални. Поради ова, Доналд Трамп се закани дека ќе ги прекине сите трговски односи со Шпанија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира