ИРАН ОДОБРИ ПЛАН ЗА НАПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    ИРАН ОДОБРИ ПЛАН ЗА НАПЛАЌАЊЕ ПАТАРИНА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦМинувањата низ Теснецот се намалиле за 95% од почетокот на американско-израелските напади врз Иран (Фото: АП)

    Комисијата за национална безбедност на иранскиот парламент одобри план за наплаќање патарина на бродовите кои минуваат низ Ормускиот Теснец, објавија иранските државни медиуми. Засега не е познато колку ќе се плаќа минувањето.

    Мерката е дел од новите регулативи за управување со стратешкиот воден пат, низ кој минуваат 20% од светскиот извоз на сурова нафта.

    Членот на комисијата Моџтаба Зареи изјави дека Теснецот останува затворен за бродовите поврзани со САД и Израел, како и за пловилата на сите други држави кои имаат воведено унилатерални санкции против Иран, што ја вклучува и Европската Унија.

    „Иран ќе има суверена улога во спроведувањето на новиот систем, што ќе се прави во соработка со Оман“, рече Зареи.

    Според фирмата за поморско разузнавање „Кплер“, минувањата низ Теснецот се намалиле за 95% од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, кој тврди дека преминот останува отворен за пријателските држави. Повторното отворање на Теснецот е едно од клучните барања на Доналд Трамп во неговите предлози за прекин на огнот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира