ГОСТИВАРЕЦ УАПСЕН ЗА УБИСТВО НА ТАТКО МУ, ТВРДЕЛ ДЕКА ПОЧИНАЛ ПО ПАД ВО КУПАТИЛО

    ГОСТИВАРЕЦ УАПСЕН ЗА УБИСТВО НА ТАТКО МУ, ТВРДЕЛ ДЕКА ПОЧИНАЛ ПО ПАД ВО КУПАТИЛООсомничениот син во првичниот исказ тврдел дека неговиот татко починал претходниот ден откако паднал во купатилото. (архивска фотографија)

    Полицијата во Гостивар го уапси 34-годишниот М.Д. поради основано сомнение дека го убил својот 63-годишен татко К.Д. Инцидентот бил пријавен ноќеска, по полноќ, кога член на семејството пријавил во полициската станица дека се сомнева на убиство во нивниот дом.

    Полициските екипи на местото на настанот го пронашле починатиот маж со видливи повреди и траги од насилство во пределот на главата. Осомничениот син во првичниот исказ тврдел дека неговиот татко починал претходниот ден откако паднал во купатилото, но дека тој одлучил да не го пријавува случајот кај надлежните служби. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки за негово целосно расчистување.

    Паралелно со овој случај, Основното јавно обвинителство Кавадарци вчера поднесе предлог за определување мерка притвор против 27-годишен жител на Росоман, кој се сомничи дека ја убил неговата мајка. Според истрагата, тој со умисла ја лишил од живот жената со кујнски нож во пределот на вратот додека таа спиела во една од собите во семејната куќа.

    Убиството се случило вчера, во време кога таткото на осомничениот бил на работа. Мажот по извршеното дело сам се пријавил во полиција. Обвинителството отвори истрага за убиство извршено при семејно насилство, за што според Кривичниот законик е предвидена казна затвор од најмалку десет години до доживотен затвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира