Волк каснал жена во голема шопинг улица во Хамбург, рекоа властите. Необичниот инцидент се случил во населбата Хамбург Алтона, близу супермаркет на „Икеа“, кога жената се обидела да го одведе дезоринтираното животно подалеку од улицата, Волкот притоа ја каснал за лицето и избегал.
Жената била превезена во болница, но во меѓувреме била пуштена.
Се верува дека ова е првпат волк да нападне човек откако овие животни почнаа повторно да се етаблираат во Германија пред речиси 30 години.
Волкот подоцна бил забележан во езеро во Хамбург, при што полицијата успеала да го извлече од водата со јаже. Сепак, животното дало отпор и на вооружените полицајци им требало околу еден час за да го фатат.
Матијас Хилге, портпарол на Министерството за животна средина, клима, енергија и земјоделство на Хамбург, изјави дека во последните денови имало неколку видувања на волкот во западниот дел на градот.
„Волкот е безбеден и добива ветеринарна нега“, рече тој.
По 150 години отсуство, волците се вратија во Германија по падот на Берлинскиот ѕид во 1989. Во прв момент, неколку единки дошле преку Полска, а денес ги има во шумите во многу германски покраини.



