ТРАМП НАЈАВИ ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО ИРАН ВО СКОРО ВРЕМЕ И АКО НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОР

    ТРАМП НАЈАВИ ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА СО ИРАН ВО СКОРО ВРЕМЕ И АКО НЕ СЕ ПОСТИГНЕ ДОГОВОРТрамп вечерва ќе има вонредно обраќање до нацијата во врска со Иран (Фото: АП)

    Доналд Трамп и неговиот државен секретар Марко Рубио кажаа дека крајот на војната со Иран е можеби блиску, најавувајќи можни директни разговори и намалување на конфликтот и без постигнат договор. Трамп вечерва ќе има вонредно обраќање до нацијата во врска со Иран.

    Ќе заминеме многу скоро. Тоа би можело да се случи во рок од две, можеби три недели“, рече Трамп.

    Запрашан дали успешната дипломатија е предуслов за САД да ја завршат операцијата „Епски бес“, Трамп рече дека не е.

    „Иран не мора да склучи договор. Не, тие не мора да склучат договор со мене“, додаде тој.

    Вашингтон претходно се закани дека ќе ги засили воените операции ако Техеран не ги прифати американските предлози за прекин на огнот, што вклучува целосно отворање на Ормускиот Теснец и ветување дека нема да се стреми кон нуклеарно оружје.

    Рубио изјави дека постои потенцијал за директна средба на САД и Иран и дека се гледа крајот на војната.

    Тоа не е денеска, не е утре, но доаѓа. Се водат разговори. Има потенцијал и за директна средба во одреден момент. Секогаш ќе бидеме отворени за тоа. Но, претседателот Трамп нема да дозволи лажните преговори да се користат како тактика за одложување, за купување повеќе време“, рече Рубио.

    Трамп вели дека САД ги постигнале целите поставени пред почетокот на воздушните напади врз Иран пред повеќе од еден месец.

    Примарната цел за ограничување на способноста на Иран да се здобие со нуклеарно оружје е постигната и САД сега ја завршуваат работата. САД сега доминираат на иранското небо и постигната е промена на режимот по убиствата на многумина политички и воени лидери. Новите лидери во Техеран се многу помалку радикализирани и се порационални во споредба со нивните претходници. Тие молат да склучат договор со САД за да се стави крај на војната“, кажа Трамп.

    Иран ја има потребната волја да ја заврши војната со САД и Израел, доколку се исполнат одредени услови, изјави претседателот Масуд Пезешкијан. Неговиот министер за надворешни работи Абас Арагчи повторно негираше дека САД и Иран преговараат, појаснувајќи дека само разменуваат пораки преку посредници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира