Доналд Трамп предизвика гнев во Франција откако ги исмеваше Емануел Макрон и неговата сопруга, имитирајќи го францускиот акцент и велејќи дека Брижит се однесува со него многу лошо. Неговиот последен испад против Макрон се случил на приватен ручек и дури и политичките противници на францускиот претседател ги осудија постапките на Трамп.
Трамп го исмеваше Макрон во видео кое кратко време беше објавено и на јутјуб каналот на Белата куќа, пред да биде блокиран пристапот до него.
„Не ни требаше Франција, но, сепак, ја повикавме. Му се јавив на Макрон, чија жена многу лошо го третира. Се уште му заздравува вилицата“, кажа Трамп, алудирајќи на снимката од мај 2025, на која Брижит наводно се расправа со Макрон при посетата на Виетнам.
Тој потоа имитира француски акцент, глумејќи одговор од Макрон.
„‘Не, не, не, не можеме да го направиме тоа, Доналд, можеме откако војната ќе заврши‘. Јас му реков ‘не ни требате откако војната ќе заврши‘. Така сфатив дека НАТО нема да биде тука за нас“, рече Трамп.
Емануел Макрон реагираше дека коментарите на Трамп се несоодветни и неелегантни и не заслужуваат одговор.
„Свесни сте колку не се несогласувам со претседателот, но да му се обраќа Трамп на тој начин и така да зборува за неговата сопруга е апсолутно неприфатливо“, изјави Мануел Бомпард, висок функционер од редовите на француската левица.



