ЕКИПАЖОТ НА „АРТЕМИС 2“ Е НА ПОЛОВИНА ПАТ ДО МЕСЕЧИНАТА

    ЕКИПАЖОТ НА „АРТЕМИС 2“ Е НА ПОЛОВИНА ПАТ ДО МЕСЕЧИНАТАетирите астронаути се движат по патека која ќе ги однесе околу далечната страна на Месечината, а потоа назад кон дома. (Фото: НАСА)

    НАСА ги сподели првите фотографии со висока резолуција од Земјата кои ги направи екипажот на мисијата „Артемис 2“ додека се наоѓа на половина пат помеѓу Земјата и Месечината. Спектакуларните кадри ги сними командантот Рид Вајсмен откако леталото „Орион“ го заврши финалното согорување на моторите со кое се постави на траекторија кон природниот сателит на Земјата.

    Според податоците на НАСА, „Орион“ сега се наоѓа на околу 228.500 километри од Земјата и на околу 212.000 километри од Месечината. На првата фотографија, насловена „Здраво, Свете“, се гледа синилото на Атлантскиот Океан врамено во сјајот на атмосферата додека Земјата го засенува Сонцето, како и зелена аурора на двата пола. На оваа слика планетата изгледа превртено, со видливи делови од Западна Сахара, Пиринејскиот Полуостров и Јужна Америка, а во долниот десен агол се забележува и планетата Венера.

    Ова е првпат по 1972 година луѓе да патуваат надвор од орбитата на Земјата. Четирите астронаути се движат по патека која ќе ги однесе околу далечната страна на Месечината, а потоа назад кон дома. Се очекува екипажот да помине покрај Месечината на 6 април, а враќањето на Земјата е предвидено за 10 април.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира