БЕЛАТА КУЌА КАЖА ДЕКА ПЛАНОТ ОД 10 ТОЧКИ ОБЈАВЕН ОД ИРАН НЕ Е ИСТИОТ ШТО ГО ПРИФАТИЛЕ САД

    БЕЛАТА КУЌА КАЖА ДЕКА ПЛАНОТ ОД 10 ТОЧКИ ОБЈАВЕН ОД ИРАН НЕ Е ИСТИОТ ШТО ГО ПРИФАТИЛЕ САДТрамп потврди дека Либан не е вклучен во договорот за двонеделен прекин на огнот (Фото: АП)

    Функционер од Белата куќа изјави дека планот за прекин на огнот од 10 точки објавен од Иран не е истиот пакет услови што ги прифатиле САД за паузирање на војната.

    „Документот што го објавуваат медиумите не е работна рамка“, изјави високиот функционер.

    И Доналд Трамп ја критикуваше појавата на „бројни договори, списоци и писма“, за кои вели дека ги споделуваат „луѓе кои немаат никаква врска со преговорите“.

    „Во многу случаи, тие се тотални измамници, шарлатани и полошо. Тие брзо ќе бидат разоткриени откако ќе заврши нашата федерална истрага“, рече Трамп.

    Американскиот претседател додаде дека само еден предлог е прифатлив за САД и за него се дискутира зад затворени врати. Тој потврди дека Либан не е вклучен во договорот за двонеделен прекин на огнот, на што инсистира Иран.

    Поради Хезболах, Либан не беше вклучен во договорот. И за тоа ќе се погрижиме“, рече тој.

    Иранскиот Врховен совет за безбедност ноќеска објави дека САД го прифатиле иранскиот план од десет точки, кој, меѓу другото, вклучува гаранции дека агресија врз Иран нема да се повтори, исплата на отштета на Иран, укинување на сите примарни и секундарни санкции, повлекување на американските борбени трупи од регионот и задржување на контролата врз Ормускиот Теснец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира