Четири фирми доставиле понуди на тендерот за набавка на електрични автобуси кои го распиша Министерството за транспорт и врски. Како што велат од Министерството, тендерот е затворен и во тек е законскиот рок за прием на евентуални понуди по пошта.
„После Велигденските празници ќе се врши евалуација на стигнатите понуди. Доколку тендерот биде успешен, првите 30 автобуси треба да стигнат во септември“, велат од Министерството за транспорт и врски.
Од 150 автобуси, 100 ќе бидат за Град Скопје, а останатите 50 за другите градови.
- РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА НАБАВКА НА 150 ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ ЗА 51 МИЛИОН ЕВРА
-
ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ НОРМАЛИЗИРА КОГА ЌЕ СТИГНАТ НОВИТЕ 100 АВТОБУСИ, РЕЧЕ ЃОРЃИЕВСКИ
-
ДНЕВНО СЕ ИСПРАВНИ 185 И ВОЗАТ САМО 157 АВТОБУСИ ОД ВКУПНО 341 НА ЈСП „СКОПЈЕ“
Според техничката спецификација во огласот објавен на страната на Бирото за јавни набавки, проценетата вредност е 51 милион евра. Автобусите треба да бидат црвена или бела боја, да имаат најмалку 33 седишта и капацитет за најмалку 66 патници. Ќе се набават и 75 станици за полнење на автобусите со моќност од најмалку 120 киловати за едно приклучно место на станицата за полнење.
Ова е втор тендер на Владата за набавка на нови електрични автобуси откако првиот објавен во јуни пропадна, затоа што единствената фирма која се пријавила не ги исполнувала потребните услови.
А. АНТЕВСКА



