41. „МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“, ПРВПАТ ВО ШТИП, РОДИТЕЛИТЕ ПОБАРАА ОДГОВОРНОСТ ОД ПОЛИЦИЈАТА И УЈП

    41. „МАРШ НА АНГЕЛИТЕ“, ПРВПАТ ВО ШТИП, РОДИТЕЛИТЕ ПОБАРАА ОДГОВОРНОСТ ОД ПОЛИЦИЈАТА И УЈПРодителите упатија прашање до институциите: „Зошто се одолговлекува постапката за утврдување на најавената одговорност?“ (Фото: СДК.МК)

    Четириесет и првиот „Марш на ангелите“ во чест на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, за првпат се спроведе во Штип, градот кој загуби пет свои сограѓани. Штипјани досега повеќе пати оддаваа почит кон загинатите на плоштадот „Слобода“, но овојпат, заедно со родителите и блиските роднини на настраданите од Кочани и другите градови, организираа марш за сите настрадани.

    „Нашите чекори и нашиот марш никогаш нема да престанат сè додека правдата не излезе на виделина“, рече во името на сите присутни една од мајките на загинатите млади штипјани.

    Таа, заедно со останатите родители, ги носеше фотографиите на починатите: Филип Стевановски, Александар Коларов, Дамјан Таневски, Александар Ефремов и Филип Ивановски.

    Протесниот марш продолжи по главните улици во центарот на Штип, со застанувања пред зградите на СВР и УЈП Штип. Таму беше побарана одговорност од службените лица во двете институции кои, директно или индиректно, биле инволвирани во случајот „Пулс“. Родителите упатија прашање до институциите: „Зошто се одолговлекува постапката за утврдување на најавената одговорност?“.

    Во непосредна близина на градскиот плоштад во Штип, Општината започна проект за изградба на спомен-обележје, кое преку симболиката на пет гулаби ќе потсетува на петтемина штипјани загинати во „Пулс“.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира