ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ НА СООБРАЌАЈОТ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОТКАКО ВЧЕРА НЕКОЛКУ БРОДОВИ БЕА НАПАДНАТИ ОД ИРАН

    ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ НА СООБРАЌАЈОТ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОТКАКО ВЧЕРА НЕКОЛКУ БРОДОВИ БЕА НАПАДНАТИ ОД ИРАНИранската морнарица соопшти дека континуираната блокада на нивните пристаништа од страна на САД претставува директно кршење на договорот за прекин на огнот. (Фото: Марин Трафик)

    Иран повторно го блокираше сообраќајот низ стратешкиот Ормуски Теснец како одговор на американската блокада на иранските пристаништа. Податоците од специјализираната страница за следење на бродови „Маринтрафик“ покажуваат дека во моментов ниту едно пловило не го минува теснецот, а голем број бродови се закотвени во Персискиот Залив, главно во близина на бреговите на Оман и Обединетите Арапски Емирати.

    Иако во текот на вчерашниот ден беше забележано ограничено движење низ овој клучен воден пат, сообраќајот речиси целосно запре по најавата на Техеран за негово затворање. Во саботата беа пријавени инциденти во кои неколку бродови биле погодени со проектили, додека еден танкер бил цел на оган од ирански воени чамци.

    Иранската морнарица соопшти дека континуираната блокада на нивните пристаништа од страна на САД претставува директно кршење на договорот за прекин на огнот. САД и Иран претходно овој месец се договорија за привремено примирје во траење од две недели, со кое беше предвидено слободно движење на бродовите низ теснецот. Властите во Техеран велат дека преминот ќе остане затворен сè додека не се повлече американската блокада врз иранските бродови и пристаништа.

    Од морнарицата на Исламската револуционерна гарда велат дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со ситуацијата во Хормушкиот Теснец немаат никаква валидност. Трамп претходно во Белата куќа изјави дека иранските лидери сакаат да го затворат теснецот за да ја уценат американската администрација, но додаде дека САД нема да го дозволат тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира