ВЕНС ПАТУВА НА ПРЕГОВОРИ ВО ПАКИСТАН ДОДЕКА СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАН

    ВЕНС ПАТУВА НА ПРЕГОВОРИ ВО ПАКИСТАН ДОДЕКА СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ПРИМИРЈЕТО СО ИРАНРечиси 20.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ Исламабад (Фото: АП)

    Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ќе патува денеска за Пакистан заради преговори со Иран, објави сајтот „Аксиос“, повикувајќи се на три американски извори. Во исто време, Си-Ен-Ен објави дека нова рунда преговори е планирана за утре во Исламабад, иако засега нема потврда за ова од иранската страна.

    САД изразија увереност дека мировните преговори со Иран ќе продолжат во Пакистан, а висок ирански функционер рече дека Техеран размислува да се придружи, но значајни пречки и неизвесност остануваат како што се приближува крајот на прекинот на огнот. Тој треба да истече ноќва во еден час по средноевропско време.

    Ирански функционер изјави за „Ројтерс“ дека Техеран позитивно го разгледува своето учество во разговорите, и покрај тоа што претходно ги отфрли, но нагласи дека не е донесена никаква одлука. Пакистански извор кажа дека Доналд Трамп би можел да присуствува лично или виртуелно доколку има потпишување договор.

    Работите напредуваат и на добар пат сме разговорите да се одржат утре“, рече изворот.

    Спикерот на иранскиот парламент Мохамед Багер Калибаф изјави дека Иран во изминатите две недели се спремал да покаже нови карти на бојното поле и нагласи дека нема да прифати преговори под никаква закана. Трамп викендов ги повтори своите закани дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови ако не бидат прифатени неговите барања.

    Многу малку е веројатно дека двонеделното примирје помеѓу САД и Иран ќе биде продолжено. Тие ќе преговараат и се надеваат дека ќе постигнат фер договор и повторно ќе ја изградат својата земја, но нема да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.

    Пакистан се подготвува да биде домаќин на разговорите, и покрај неизвесноста дали тие ќе се одржат. Речиси 20.000 припадници на безбедносните сили се распоредени низ Исламабад, соопштија официјални лица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира