НАПАДНАТИ ТРИ БРОДА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    НАПАДНАТИ ТРИ БРОДА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ, НЕМА ПОВРЕДЕНИОрмускиот Теснец сега е премногу опасен за секаков сообраќај освен за мал број бродови (Фото: АП)

    Најмалку три товарни брода биле нападнати од иранските сили во Ормускиот Теснец денеска, според британската организација Поморски трговски операции.

    Еден од бродовите е идентификуван како грчки, кој пловел под знамето на Либерија. Тој бил погоден од Иранската револуционерна гарда близу Оман, при што претрпел штети на командниот мост, но нема повредени. Капетанот на бродот изјави дека немало радиоконтакт со бродот пред инцидентот и дека претходно добиле дозвола за минување низ Ормускиот Теснец.

    Потоа биле нападнати уште два брода кои пловеле под знамето на Панама и Либерија. И во овие инциденти немало повредени меѓу посадата.

    Пред војната, низ Теснецот минувала една петина од светскиот извоз на нафта и гас, но сообраќајот во меѓувреме е намален за 97%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира