„СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ НА ДИНА ДУМА ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ ТРАЈБЕКА ВО ЊУЈОРК, МАКЕДОНСКАТА Е ВО СЕПТЕМВРИ

    „СКЕЈТАЊЕТО НЕ Е ЗА ДЕВОЈЧИЊА“ НА ДИНА ДУМА ЌЕ ИМА СВЕТСКА ПРЕМИЕРА НА ФЕСТИВАЛОТ ТРАЈБЕКА ВО ЊУЈОРК, МАКЕДОНСКАТА Е ВО СЕПТЕМВРИДума кажа дека поминала цела година во Шуто Оризари, а кастингот траел повеќе од шест месеци. (Фото: К. Попов)

    Скејтањето не е за девојчиња“, вториот игран филм на Дина Дума, ќе има светска премиера на Трајбека во Њујорк, еден од најзначајните филмски фестивали во Северна Америка и меѓународно значаен. Филмот е во Mеѓународната конкуренција за награди, официјалнаta премиера ќе биде на 4 јуни,  ќе има четири проекции на фестивалот. Македонската премиера се најавува за септември.

    Фестивалот Трајбека не е формално меѓу 17-те класифицирани како фестивал од „А-категорија“ акредитиран од Меѓународната федерација на здруженија на филмски продуценти – ФИАПФ (како Кан, Берлин, Венеција, Торонто, Локарно, Токио…), но е меѓу најзначајните во САД и значаен и влијателен на меѓународно ниво. Трajбека е основан во 2002 од Роберт де Ниро, Џејн Розентал и Крег Хаткоф за да го оживеaт Долен Менхетн по терористичките напади од 11 септември 2001.

    Главен лик во филмот на Дума е 13-годишна Адела, чија постара сестра набрзо треба да се мажи и таа преку скејтањето се бунтува против тоа и на тој начин се обидува да избега од таа реалност. Филмот следи три генерации жени од ромската заедница, кои се соочуваат со судир помеѓу традицијата и современоста и се заглавени во тоа.

    Најголемиот дел од актерите се натуршчици. (Фото: АФ)

    Најголемиот дел од актерите се натуршчици. Дума, која е и сценаристка на филмот заедно со Лидија Мојсовска и Теона Стругар-Митевска, кажа дека поминала цела година во Шуто Оризари, а кастингот траел повеќе од шест месеци, во што ѝ помогнала кастинг агентката Киријана Николовска.

    Главните улоги ги играат Ефќар Абаз, Џефрина Јашари, Симонида Селимовиќ и Ганимед Абдула. 

    Кастингот го правевме во училиштето Браќа Рамиз и Хамид‘. Се пријавија околу 500 девојки и поради тоа беше долг процесот. Ни требаа околу шест месеци да ги пронајдеме главните ликови, кои се две сестри. Откако ги избравме девојките, почнаа моите проби со нив, не само актерски. Ми беше важно што повеќе време да поминувам со нив, да го следам нивното секојдневие, што беше навистина бесценето за самиот филм“, кажа Дума.

    Дебито на Дума, „Сестри“, имаше светска премиера во 2021 на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде освои Специјална награда на жирито во програмата „Источно од Западот“ и е првиот македонски филм кој беше достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.  (Фото: К. Попов)

    Таа додаде дека скоро 90% од филмот е сниман во скопско Шуто Оризари.

    Она што сакам да го истакнам е дека во Шутка навистина има огромен талент. Сите кои се пријавија на кастингот беа извонредни, ненормално талентирани. Таму има извонреден потенцијал, што мислам дека не е доволно искористен и треба многу да работиме на тоа“, кажа Дума.

    Санела Емин, една од ретките професионални актерки во филмот, кажа дека Дума со ова дело разбива некои стереотипи за Ромите, што се забележливи во некои други филмови снимени во Македонија.

    Дина беше во Шутка цела година 24/7 и веќе го разбира ромскиот јазик. Дина ни беше како фамилија во населбата Шуто Оризари. Се запозна со сите, од градоначалникот до обичните луѓе. Она што е интересно за овој филм е што немаше дискриминација во текот на целото наше работење. Можеби повеќе од 90% актери се Роми, од главни ликови до статисти. За Шуто Оризари најчесто се кажува дека има многу ѓубре, дека куќите се никакви, дека таму има неписмен народ, но не е така. Филмот на Дина Дума покажува дека таму има и образование, традиција и култура. Повеќето ликови во филмот се жени и таа ги прикажува како храбри, одлучни жени“, кажа Емин.

    Скејтањето не е за девојчиња“ е копродукција на Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска и беше поддржан од Агенцијата за филм со 24 милиони денари (околу 400.000 евра) на Конкурсот во 2022 во втор рок на одлучување, како и со 350.000 евра од Еуримаж, а поддршка доби и од националните и регионални фондови на Белгија, Словенија и Хрватска.

    Директор на фотографија е Фредерик Ноиром, сценограф Вук Митевски, костимограф Матеја Фајт, шминката е на Мојца Горогранц-Петрушевска. Во продукција на „Сестри и брат Митевски“ продуцентка е Лабина Митевска, а копродуценти Себастијан Делој, Данијел Хочевар и Вања Сремац. Светската дистрибуција ја застапува француската „Кинолоџи“.

    Дебито на Дума, „Сестри“, имаше светска премиера во 2021 на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде освои Специјална награда на жирито во програмата „Источно од Западот“, а беше и македонски кандидат за Оскар, но не влезе во прелиминарниот избор на Американската филмска академија. „Сестри“ е и првиот македонски филм кој беше достапен на најголемата светска стриминг платформа „Нетфликс“.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира