Европската Унија го одобри заемот за Украина од 90 милијарди евра набргу откако руска нафта повторно почна да тече кон Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“. Тој не беше во функција од крајот на јануари, кога наводно бил оштетен во руски напад со дронови и Украина се обврза дека ќе го поправи откако Унгарија стави вето на заемот од ЕУ.
Европските лидери официјално ќе го потврдат заемот на утрешниот неформален самит, а истовремено беше одобрен 20. пакет санкции за Русија.
Унгарија се согласи со заемот во декември, но стави вето во февруари, откако ја обвини Украина дека намерно одолговелкува со поправката на „Дружба“. Премиерот Виктор Орбан викендов кажа дека ќе го тргне ветото штом низ нафтоводот повторно протече руска нафта. Украина вчера потврди дека нафтоводот е поправен.
„На Украина навистина ѝ е потребен овој заем, а тоа е и знак дека Русија не може да ја надживее Украина“, изјави еврокомесарката за надворешна политика Каја Калас пред состанокот на амбасадорите на ЕУ.
Украинскиот вицепремиер Тарас Качка го опиша заемот како „прашање на живот и смрт“ за Украина, при што две третини од парите ќе бидат потрошени за засилување на одбраната.



