ПОМОРОТ НА РИБИ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА ВО ЈУНИ 2025 БИЛ ПОРАДИ ОРГАНСКО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА, НЕ ОД ТРУЕЊЕ, УТВРДИ ИСТРАГАТА ПО 10 МЕСЕЦИ

    ПОМОРОТ НА РИБИ ВО РЕКАТА ТОПОЛКА ВО ЈУНИ 2025 БИЛ ПОРАДИ ОРГАНСКО ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОДАТА, НЕ ОД ТРУЕЊЕ, УТВРДИ ИСТРАГАТА ПО 10 МЕСЕЦИПоморот беше регистиран рано утрото на 19 јуни 2025 од рибари, во близина на локацијата на затворот кај Оризари, подолу од некогашната фабрика „Порцеланка“. (Фото: СДК.МК)

    Нема виновик за поморот на риба во реката Тополкакој се случи на 19 јуни 2025. Според анализите на релеватни државни институции порачани од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, не се најдени индиции дека е сторено труење на рибата, туку до поморот дошло поради органско загадување. Ова е одговорот на Обвинителството на нашето прашање дали заврши истрагата за овој сериозен еколошки инцидент, кој се истражуваше 10 месеци и предизвика многу реакции во јавноста зашто немаше информации.

    „ОЈО Велес донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава, имајќи ги предвид резултатите од извршените вештачења и анализи со кои се утврди дека поморот на рибите е резултат на акутно органско загадување од непознат извор, а не за труење со најчесто употребувани пестициди, индустриски хемикалии, тешки метали или металоиди. На донесеното Решение вложи жалба Здружението на спортски риболовци Бабуна – Велес, а Вишото јавно обвинителство Скопје имајќи ги предвид сите факти во предметот, донесе Решение со кое ја одби жалбата како неоснована и го потврди донесеното Решение на ОЈО Велес“, ни изјзви велешкото обвинителство.

    На лице место на поморот на рибите на реката Тополка имаше претставници од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Агенцијата за храна, надлежна лабараторија зеде мостри од реката од две локации. Поморот беше регистиран рано утрото од рибари, во близина на локацијата на затворот кај Оризари, подолу од некогашната фабрика „Порцеланка“.

    Според стручната литература, помор на риби поради акутно органско загадување во река се случува поради намалување на растворениот кислород во водата. Кога во реката влегува голема количина органска материја – канализација, отпад, ѓубриво, индустриски отпад, големо количество органски отпад по дождови, започнува разградување. Тогаш бактериите што ја разградуваат органската материја трошат огромни количини кислород. Ако кислородот падне под критично ниво, рибите се гушат (хипоксија). Акутно органско загадување може директно да предизвика помор на риби во река. Главната причина е нагло трошење на кислородот во водата, ова е еден од најчестите и најопасни еколошки проблеми во водните екосистеми.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира