ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ТЕТОВО НАПРАВИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КЛУПИ ЗА ЛИЦА ВО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИ

    ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ТЕТОВО НАПРАВИЈА СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ КЛУПИ ЗА ЛИЦА ВО ИНВАЛИДСКИ КОЛИЧКИДосега се изработени пет специјализирани клупи, од кои една веќе е поставена во Дневниот центар при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа (Фото: СДК.МК)

    Волонтерите на тетовскиот Црвен крст, кои се дел од програмата ЦКА-ПХВ (Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности), го промовираа својот најнов проект со кој креираа и изработија специјализирани клупи наменети за деца кои користат инвалидски колички.

    Досега се изработени пет такви клупи, од кои една веќе е поставена во Дневниот центар при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, во кој престојуваат лица со попреченост. По една ваква клупа ќе биде поставена во Клиничката болница и во Универзитетот во Тетово, а преостанатите две ќе се постават на различни локации во градот.

    „Оваа клупа е една од вкупно петте изработени, со цел да се подобрат условите, пристапноста и инклузијата за овие деца. Таа ќе придонесе за поголема удобност и поквалитетен престој на корисниците во Дневниот центар, но и на лицата со попреченост во Тетово“, вели Тамара Стефановска, десеминатор на програмата ЦКА-ПХВ.

    Изработката на овие клупи е помогната од Центарот за социјална работа од Тетово.

    Волонтерите на Црвениот крст од Тетово преку програмата ПХВ во изминативе години имаат реализирано повеќе проекти наменети за лицата со попреченост во Тетово.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира