НАПАЃАЧОТ НА ВЕЧЕРАТА НА КОЈА БЕШЕ ТРАМП САКАЛ ДА ПУКА ВО ВИСОКИ АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ, ВО ХОТЕЛОТ ВЛЕГОЛ СО САЧМАРКА И ПИШТОЛ

    НАПАЃАЧОТ НА ВЕЧЕРАТА НА КОЈА БЕШЕ ТРАМП САКАЛ ДА ПУКА ВО ВИСОКИ АМЕРИКАНСКИ ФУНКЦИОНЕРИ, ВО ХОТЕЛОТ ВЛЕГОЛ СО САЧМАРКА И ПИШТОЛТрамп и сите службени лица заштитени од Тајната служба беа евакуирани од салата кога почна пукањето (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека верува оти тој бил мета на нападот на годишната вечера за дописниците од Белата куќа, што се одржуваше во хотелот „Вашингтон Хилтон“, при што е повредено едно лице.

    Напаѓачот е идентификуван како 31-годишниот наставник Кол Томас Ален од Торенс, Калифорнија, за кого властите кажаа дека бил меѓу гостите на настанот. Тој пукал со сашмарка во припадник на Тајната служба во лобито, по што бил совладан и уапсен, додека Трамп и останатите високи функционери итно биле евакуирани. Трамп заклучи дека Ален веројатно делувал сам и го опиша како болна личност.

    Нема да дозволиме никој да го преземе нашето општество. Нема да откажуваме работи затоа што не можеме да го направиме тоа“, кажа Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа.

    Како што објави „Си-Би-Ес њуз“, Ален им рекол на властите дека сакал да пука во високи претставници на администрацијата на Трамп. Шефот на полицијата на Вашингтон, Џефри Керол, изјави дека Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и ножеви.

    Не верувам дека инцидентот е поврзан со војната во Иран, но јасно ми е дека моите акции против Иран би можеле да ме направат мета. Ништо нема да ме спречи да ја добијам војната“, кажа Трамп, кој првпат присуствуваше на овој настан како претседател, откако со години го бојкотираше.

    Напаѓачот е идентификуван како 31-годишниот наставник Кол Томас Ален (Фото: Трут соушл)

    Фокусот на истрагата веројатно ќе биде на тоа како Ален успеал да ја прошверцува пушката во хотелот. На настанот присуствуваа многу членови на кабинетот на Трамп и други високи функционери под силно обезбедување. Сите службени лица заштитени од Тајната служба беа евакуирани. Меѓу присутните беа првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

    Снимките објавени од Трамп на неговата социјална мрежа Трут соушл го покажаа осомничениот како брзо трча низ безбедносен контролен пункт, затекнувајќи ги припадниците на обезбедувањето неподготвени, пред да го извадат оружјето. Не биле испукани куршуми кон вооружениот човек, кој поминал низ два контролни пункта, пред да биде соборен.

    Видеоснимки од настанот ги прикажуваат Трамп и неговата сопруга како седат на маса и разговараат со некого, кога врева во задниот дел од балската сала предизвикува воздишки низ просторијата. Луѓето почнаа да викаат „Легнете долу, лежете долу!“ Многу од 2.600-те присутни облечени во смокинг и балски фустани се засолнија под масите, додека обезбедувањето го вадеше оружјето.

    Тој нападна од 50 метри оддалеченост, па беше многу далеку од собата. Се движеше. Навистина се движеше“, рече Трамп откако беше откажана гала вечерата.

    Пред истиот хотел беше извршен обид за атентат врз претседателот Роналд Реган во 1981, кој притоа беше застрелан и ранет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира