НАПАДОТ БЕШЕ РЕЛИГИОЗНА И АНТИХРИСТИЈАНСКА РАБОТА, КАЖА ТРАМП ЗА ПУКАЊЕТО НА ГАЛА-ВЕЧЕРАТА ВО ВАШИНГТОН

    НАПАДОТ БЕШЕ РЕЛИГИОЗНА И АНТИХРИСТИЈАНСКА РАБОТА, КАЖА ТРАМП ЗА ПУКАЊЕТО НА ГАЛА-ВЕЧЕРАТА ВО ВАШИНГТОНТрамп беше евакуиран од балската сала кога почна пукањето (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека нападот на новинарската гала-вечера во Вашингтон бил религиозна работа, иако властите досега не кажаа кои биле мотивите на 31-годишниот напаѓач Кол Томас Ален. Тој беше совладан и уапсен откако застрела и рани агент на Тајната служба во лобито на хотелот „Вашингтон Хилтон“, во моментот кога на годишната вечера на дописниците од Белата куќа присуствуваа и Трамп и останатите американски високи функционери.

    Се чини дека осомничениот имал омраза во срцето долго време. Тоа беше религиозна работа и силно антихристијанска“, рече Трамп.

    Тој додаде дека не знаел колку е опасна неговата работа кога се кандидираше за претседател.

    Ако си важен претседател, тогаш си во многу поголема опасност отколку ако не си важен претседател“, кажа Трамп, кој веќе преживеа два обида за атентат за време на кампањата во 2024.

    Државниот обвинител Тод Бланш изјави дека Трамп и функционерите од неговата администрација биле веројатните мети на пукањето.

    Се чини дека тој имал намера да ги нападне луѓето што работат во администрацијата, веројатно и претседателот“, изјави Бланш, додавајќи дека не знае дали има поврзаност на нападот со Иран.
    Ален утре ќе биде обвинет пред федералниот суд за напад врз федерален службеник, пукање од огнено оружје и за обид за убиство на федерален службеник.

    Ален, наставик кој магистрирал компјутерски науки, веројатно бил гостин во хотелот, рекоа властите и бил вооружен со сачмарка, пиштол и ножеви. Фокусот на истрагата веројатно ќе биде на тоа како Ален успеал да ја прошверцува пушката во хотелот. На настанот присуствуваа и првата дама Меланија Трамп, потпретседателот Џеј-Ди Венс, министерот за одбрана Пит Хегсет и државниот секретар Марко Рубио.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира