МИ ОЛЕСНА ШТО ТРАМП И ПРВАТА ДАМА СЕ БЕЗБЕДНИ, КАЖА МУЦУНСКИ ПО НАПАДОТ НА ВЕЧЕРАТА НА ДОПИСНИЦИТЕ ОД БЕЛАТА КУЌА

    МИ ОЛЕСНА ШТО ТРАМП И ПРВАТА ДАМА СЕ БЕЗБЕДНИ, КАЖА МУЦУНСКИ ПО НАПАДОТ НА ВЕЧЕРАТА НА ДОПИСНИЦИТЕ ОД БЕЛАТА КУЌАМакедонија стои со САД во одбраната на демократијата, јавната безбедност и принципите што ги одржуваат слободните општества силни, машпиша на „икс“ министерот Муцунски (Фото: МНР)

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изрази загриженост по саботниот напад на Вечерата на дописниците од Белата куќа во Вашингтон, на која присуствуваа американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама Меланија, потпретседателот Џеј Ди Венс и други високи претставници.

    „Ми олесна што претседателот Доналд Трамп, првата дама и другите присутни се безбедни“, напиша Муцунски на социјалната мрежа „икс“, посакувајќи му брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба.

    Тој напиша и дека насилството нема место во демократскиот живот.

    „Насилството нема место во демократскиот живот — ниту против избрани лидери, јавни функционери, новинари или граѓани“, рече Муцунски.

    Во пораката тој нагласи дека Македонија стои со Соединетите Американски Држави „во одбраната на демократијата, јавната безбедност и принципите што ги одржуваат слободните општества силни“.

    Според различните новинарски извори од Вашингтон, вооружен напаѓач пукал кај хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувала вечерата, а Трамп, првата дама Меланија, Венс и други високи претставници биле евакуирани од припадниците на Тајната служба. Еден припадник на обезбедувањето бил погоден, но бил бидејќи бил заштитен со панцир се очекува целосно да закрепне. Осомничениот бил совладан и уапсен, а американските власти соопштија дека првичните сознанија укажуваат оти Трамп најверојатно бил цел на нападот.

    Американските безбедносни служби го истражуваат мотивот за нападот. Според АП, напаѓачот не успеал да влезе во салата во која се одржувала вечерата, а инцидентот предизвика хаос и евакуација на присутните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира