РУСКИОТ ГРАД ТУАПСЕ ПРОГЛАСИ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, УКРАИНСКИТЕ ДРОНОВИ ЈА ЗАПАЛИЈА РАФИНЕРИЈАТА НА „РОСНЕФТ“ ТРЕТПАТ ОВОЈ МЕСЕЦ

    РУСКИОТ ГРАД ТУАПСЕ ПРОГЛАСИ ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА, УКРАИНСКИТЕ ДРОНОВИ ЈА ЗАПАЛИЈА РАФИНЕРИЈАТА НА „РОСНЕФТ“ ТРЕТПАТ ОВОЈ МЕСЕЦНа локалните власти им требаа четири дена да го изгаснат пожарот во рафинеријата по претходниот напад (Фото: ТАСС)

    Украина ја нападна нафтената инфраструктура во јужниот руски град Туапсе по третпат овој месец, изјавија локалните власти, кои наредија евакуација на жителите во близина на големата рафинерија на „Роснефт“.

    „Уште еден сериозен инцидент се случи во Туапсе. Голем пожар избувна во рафинеријата за нафта поради напад со непријателски беспилотни летала“, напиша гувернерот на Краснодарската област, Венијамин Кондратјев, на Телеграм.

    Градот прогласи еколошна вонредна состојба по претходните напади. Извори од индустријата кажаа за „Ројтерс“ дека операциите во рафинеријата се во прекин од нападот на 16 април. Постројката преработува околу 12 милиони метрички тони сурова нафта годишно и служи како клучен центар за извоз на нафта, мазут и дизел.

    Генералштабот на украинската армија го потврди нападот врз Туапсе, тврдејќи дека рафинеријата е вклучена во синџирот на снабдување на руската армија на окупираните територии на Украина. На локалните власти им требаа четири дена да го изгаснат пожарот во рафинеријата по претходниот напад на 20 април, кога жителите се пожалија дека врз градот врне црн дожд.

    Украина ги засили нападите врз руската нафтена инфраструктура во последните два месецa, во обид да го лиши Кремљ од неочекувани енергетски придобивки поради континуираното затворање на Ормускиот Теснец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира