МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО СЕ ВКЛУЧИ ВО РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА КАФЕАВАТА МЕЧКА

    МАКЕДОНСКОТО ЕКОЛОШКО ДРУШТВО СЕ ВКЛУЧИ ВО РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА КАФЕАВАТА МЕЧКАСо овој проект првпат ќе се направи мониторинг на кафеавата мечка во Македонија (Фото: МЕД)

    Прекуграничното управување и зачувувањето на кафеавата мечка во Динаро-Пиндскиот Регион е главната цел на новиот проект LIFE DinPin Bear, што до 2031 година ќе го спроведуваат девет европски држави, вклучително и Македонија, под водство и координација на германската организација „ЕуроНатур“. Македонското еколошко друштво (МЕД) и Министерството за животна средина и просторно планирање беа меѓу 50-ината учесници од 21 партнерска организација, кои учествуваа на првата проектна средба во Будва, Црна Гора.

    Динаро-пиндската популација на кафеавата мечка се протега низ Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Грција, Косово, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија. Со околу 4.000 единки, ова е најголемата популација на мечки во Европа.

    „Преку научен пристап и методологија, првпат ќе се направи мониторинг на кафеавата мечка во Македонија. Овој проект ќе ни даде одговори на повеќе прашања за нејзините живеалишта, популација и улога во екосистемот, вклучително и на прашањето колку мечки живеат во македонските шуми“, вели Александар Стојанов, координатор на проектот во МЕД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира