ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПОРАСНАА НА 126 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА САД СПРЕМААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН

    ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ПОРАСНАА НА 126 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ ПО НАЈАВИТЕ ДЕКА САД СПРЕМААТ НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАНВашингтон се подготвува за продолжена поморска блокада на Иран (Фото: АП)

    Цените на нафтата пораснаа во Азија по извештаите дека американската војска ќе го извести Доналд Трамп за новите планови за можна акција против Иран. Централната команда подготвува план за кратки и моќни удари врз Иран со цел да се разбие застојот во преговорите, објави сајтот „Аксиос“.

    Суровата нафта брент порасна за речиси 7% на 126 долари за барел, што е најмногу од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022. Цените на енергенсите скокнаа оваа недела поради застојот во преговорите и постојаното затворање на Ормускиот Теснец.

    Цитирајќи неименувани извори, „Аксиос“ објави дека предложениот бран напади би вклучил и инфраструктурни мети, а друг план се фокусира на преземањето дел на Ормускиот Теснец, со цел да се отвори за комерцијалните бродови, но ова би значело и учество на трупи на терен.

    САД кажаа дека ќе продолжат со блокадата на иранските пристаништа сѐ додека Иран им се заканува на бродовите кои сакаат да минуваат низ Ормускиот Теснец. Цените на нафтата вчера пораснаа за 6% по најавите дека Вашингтон се подготвува за продолжена поморска блокада на Иран.

    Доналд Трамп го продолжи примирјето на неодредено време, но го отфрли последниот мировен предлог на Иран, според кој за неговата нуклеарна програма би се разговарало дури по завршувањето на војната и решавањето на спорот околу Ормускиот Теснец. Тој вчера уште еднаш му порача на Иран дека може да се јави ако сака да преговара.

    Тие не знаат како да склучат ненуклеарен договор. Подобро нека се опаметат наскоро“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира