Украински дрон удри во луксузна станбена висококатница близу центарот на Москва во раните утрински часови, при што немало жртви, но била предизвикана видлива штета на фасадата.
Тоа беше трета ноќ по ред Москва да биде нападната со дронови, неколку дена пред Русија да одржи парада на 9 мај за да ја одбележи победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија. Руските власти потврдија дека парадата ќе биде со намален обем и нема да учествуваат воени возила.
Видео што кружи на социјалните медиуми покажува пожарникари како влегуваат во тешко оштетен стан, додека друго покажува остатоци од дрон расфрлани по улицата. Погодената зграда се наоѓа десет километри од Кремљ и Црвениот плоштад, каде што ќе се одржи парадата.
Уште два дрона биле пресретнати, рече градоначалникот Сергеј Собјанин. Меѓународните аеродроми „Внуково“ и „Домодедово“ ги прекинаа операциите преку ноќ.
Вкупно 117 биле пресретнати над неколку руски региони ноќеска, соопшти руското министерство за одбрана. Од нив, 60 биле насочени кон регионот на Санкт Петербург.



