ПАДНА РОМАНСКАТА ВЛАДА ОТКАКО ПРАТЕНИЦИТЕ Ѝ ИЗГЛАСАА НЕДОВЕРБА

    ПАДНА РОМАНСКАТА ВЛАДА ОТКАКО ПРАТЕНИЦИТЕ Ѝ ИЗГЛАСАА НЕДОВЕРБАИлие Болојан водеше малцинска влада од минатиот месец (Фото: АП)

    Романските пратеници ја соборија проевропската влада на премиерот Илие Болојан откако ѝ изгласаа недоверба, што може да предизвика и политичка и економска криза во државата.

    Болојан водеше малцинска влада од минатиот месец, кога Социјалдемократите, најголемата партија во парламентот, побараа негова оставка и излегоа од четирипартиската владина коалиција. Тие потоа се здружија со опозициската крајна десница и побараа гласање за доверба на владата.

    Иако предвремените избори изгледаат малку веројатни, финансиските пазари се загрижени дека политичките турбуленции би можеле да го поколебаат Букурешт во својата посветеност за намалување на најголемиот буџетски дефицит во ЕУ. Романската валута леј падна на рекордно ниско ниво во однос на еврото пред денешното гласање.

    Сегашната коалиција дојде на власт пред 10 месеци со цел да ги ограничи придобивките на крајната десница по серијата неизвесни избори и почна да го намалува дефицитот. Но, Социјалдемократите постојано се судираа со Болојан поради неговите мерки за штедење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира