ПАПАТА ЗАГРОЗУВА МНОГУ КАТОЛИЦИ, МИСЛИ ДЕКА Е ВО РЕД ИРАН ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, КАЖА ТРАМП

    ПАПАТА ЗАГРОЗУВА МНОГУ КАТОЛИЦИ, МИСЛИ ДЕКА Е ВО РЕД ИРАН ДА ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, КАЖА ТРАМПТрамп подолго време се расправа со Лав поради неговиот став за војната со Иран (Фото: Икс)

    Доналд Трамп повторно вербално го нападна папата Лав, обвинувајќи го дека „загрозува многу католици“ затоа што „мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје“.

    Коментарите доаѓаат два дена пред државниот секретар на САД, Марко Рубио, да се сретне со Лав во Ватикан, во обид да ги ублажи тензиите, предизвикани од претходните изјави на Трамп против папата роден во Чикаго, кој ја осуди војната со Иран.

    Папата би сакал да зборува за фактот дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје, а јас не мислам дека тоа е многу добро. Мислам дека тој загрозува многу католици и многу луѓе. Но, претпоставувам, што се однесува до него, во ред е Иран да има нуклеарно оружје“, кажа Трамп во разговор со Хју Хјуит, истакнат конзервативен радиоводител.

    Лав никогаш не рекол дека Иран треба да има нуклеарно оружје, туку постојано се спротивставува на војната и ескалацијата на Блиски Исток, повикувајќи на прекин на огнот и дијалог.

    Посетата на Рубио, која се совпаѓа со првата годишнина од изборот на Лав за папа, беше организирана откако Трамп го нападна папата во април, нарекувајќи го слаб и велејќи дека не си ја врши добро работата. Рубио, исто така, ќе се обиде да ги смири работите со италијанската влада, откако Трамп ја прекори премиерката Џорџа Мелони, зашто го бранеше папата и не ги поддржува нападите врз Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира