Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, при што им се обрати како на идни членови на Унијата.
Во обраќањето, тој рече дека на овој ден се слави заедничкиот европски потфат и моментот кога земјите основачки избраа единство и соработка наместо поделби и конфликти. Кошта вели дека на пепелта од Втората светска војна е изградена иднина која се темели на мир, слобода и просперитет.
Тој додаде дека европските институции веруваат оти иднината на земјата е во Европската Унија и дека се вложува голем труд за таа визија да стане реалност. Според него, по многу години во статус на кандидат за членство, сега е време да се направи чекор напред кон градење на заедничката европска иднина.
„Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се вложува огромен труд за таа визија да стане реалност. Вашата земја е кандидат за членство во Европската унија веќе многу години. Време е да се направи чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина“, изјави Кошта.
Да живее Европа, стои во заклучокот од обраќањето на претседателот на Советот на ЕУ до македонската јавност.



