ПОЧИНА ПОЕТЕСАТА ЗА ДЕЦА МАКЕДОНКА ЈАНЧЕВСКА

    ПОЧИНА ПОЕТЕСАТА ЗА ДЕЦА МАКЕДОНКА ЈАНЧЕВСКАПогребот е закажан за понеделник, во 12 часот, во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес. (архивска фотографија)

    Во 86-тата година од животот почина Македонка Јанчевска, објави нејзиното семејство. Таа беше истакната македонска поетеса, авторка на 13 дела за деца. Напиша повеќе збирки поезија за најмладите, како и текстови за песни изведени на детски фестивали. Долги години беше дел од организацијата на „Детските Рацинови средби“ во Велес и директорка на Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“.

    Добитничка е на општинската награда „9 Ноември“ и на наградата „Коле Неделковски“ на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, чиј член беше. Исто така, беше членка и на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). По нејзина поема, велешкиот театар во 2021 година ја подготви детската претстава „Шумска болница“, која подоцна беше објавена и како сликовница.

    Погребот е закажан за понеделник, во 12 часот, во црквата „Св. Пантелејмон“ во Велес.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира