ТРАМП НЕ КОМЕНТИРАШЕ ЗА ТАЈВАН, ШЈИ ПРЕДУПРЕДИ НА МОЖЕН КОНФЛИКТ

    ТРАМП НЕ КОМЕНТИРАШЕ ЗА ТАЈВАН, ШЈИ ПРЕДУПРЕДИ НА МОЖЕН КОНФЛИКТШји и Трамп два часа разговараа зад затворени врати (Фото: ДПА)

    Кинескиот претседател Шји Џинпинг го предупредил Доналд Трамп дека лошото справување со нивните несогласувања околу Тајван може да ги доведе односите помеѓу Кина и САД на многу опасно место. Шји ги дал забелешките за Тајван на состанокот зад затворени врати, кој траеше повеќе од два часа, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

    Вашингтон не го спомна Тајван во известувањето за разговорите во Пекинг. Американскиот министер за трговија Скот Бесент кажа дека Трамп дополнително ќе се огласи во врска со тајванското прашање.

    Според кинеската новинска агенција „Синхуа, Шји му рекол на Трамп дека ако прашањето на Тајван не се управува добро, двете земји ќе се судрат или дури ќе дојдат во конфликт.

    Тајван, кој се наоѓа само 80 километри од југозападниот брег на Кина, со децении е жариште во односите помеѓу САД и Кина. Пекинг одбива да ја исклучи употребата на воена сила за да ја добие контролата врз островот, а САД се обврзани со закон да му обезбедат средства на Тајван за да се одбрани. Трамп се уште не дал одобрение за воениот пакет од 14 милијарди долари за Тајван, на кој Кина силно се противи.

    Американскиот државен секретар Марко Рубио, кој е со Трамп во Кина, потврди дека било дискутирано за Тајван.

    Кинезите секогаш го покренуваат ова прашање, а ние секогаш јасно го изнесуваме нашиот став и преминуваме на други теми. Политиката на САД по прашањето на Тајван не се промени ни по денешниот состанок“, кажа Рубио.

    Тајван соопшти дека нема ништо изненадувачко од самитот и дека воениот притисок на Кина е вистинската закана за мирот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира