ШЕФОТ НА ЦИА ЈА ПОСЕТИ КУБА, КОЈА РАЗМИСЛУВА ДА ЈА ПРИФАТИ АМЕРИКАНСКАТА ПОМОШ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

    ШЕФОТ НА ЦИА ЈА ПОСЕТИ КУБА, КОЈА РАЗМИСЛУВА ДА ЈА ПРИФАТИ АМЕРИКАНСКАТА ПОМОШ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИКуба се соочува со сериозен недостиг на енергенси, поради што често снемува струја (Фото: АФП)

    Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, се сретна со својот кубански колега во министерството за внатрешни работи во Хавана, откако САД ја обновија понудата од 100 милиони долари за да се ублажат последиците од нафтената блокада. Куба соопшти дека средбата била обид да се подобри дијалогот, при што на Ретклиф му било кажано дека Хавана не претставува закана за американската национална безбедност.

    САД се подготвени сериозно да се ангажираат во економските и безбедносните прашања, но само ако Куба направи фундаментални промени. Состанокот се одржа за да се пренесе лична порака од Доналд Трамп“, изјави функционер од ЦИА.

    Куба се соочува со сериозен недостиг на енергенси, поради што често снемува струја низ земјата и суштинските институции не можат нормално да функционираат.

    На состанокот присуствувал и Раул Родригес Кастро, внукот на бившиот лидер Фидел Кастро.

    За време на состанокот, директорот Ретклиф и кубанските претставници разговараа за разузнавачката соработка, економската стабилност и безбедносните прашања, сè во контекст на тоа дека Куба повеќе не може да биде безбедно засолниште за противниците на западната хемисфера“, додаде функционерот од ЦИА.

    Кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригес претходно кажа дека се подготвени да ги слушнат деталите од американскиот предлог и како тој би се спровел. Вашингтон порача дека помошта би се распределила преку католичката црква и независни хуманитарни организации, а не преку кубанската влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира