ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ МОСКОВСКИОТ РЕГИОН

    ТРОЈЦА ЗАГИНАТИ ВО УКРАИНСКИ НАПАД СО ДРОНОВИ ВРЗ МОСКОВСКИОТ РЕГИОНРуската војска соопшти дека соборила 556 дронови (Фото: Телеграм)

    Тројца луѓе загинаа во ноќешниот голем украински напад со дронови врз московскиот регион, објавија руските власти. Една жена загина во куќа во Химки северно од главниот град, а маж и жена загинаа во селото Погорелки, кажа регионалниот гувернер Андреј Вороблев.

    Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 12 луѓе биле повредени во напад врз градска нафтена рафинерија и дека остатоци од дронови паднале на територијата на аеродромот „Шереметјево“, најпрометниот во Русија. Руската војска соопшти дека соборила 556 дронови.

    Володимир Зеленски најави одмазда откако 24 луѓе загинаа во една станбена зграда во Киев, погодена од руски проектил.

    Нашите санкции со долг дострел оваа недела уништија вредна руска воена опрема и погодија руски нафтени постројки и бродови. Најголемиот дел од операциите и натаму е во тек“, кажа Зеленски, алудирајќи на украинските напади со дронови во длабочината на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира