ТРАМП КАЖА ДЕКА ГИ ОТКАЖУВА НОВИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН НА БАРАЊЕ НА ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИ

    ТРАМП КАЖА ДЕКА ГИ ОТКАЖУВА НОВИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН НА БАРАЊЕ НА ЗАЛИВСКИТЕ ЗЕМЈИТрамп кажа дека има многу добри шанси за договор со Иран (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека го откажува воениот напад врз Иран планиран за денеска на барање на заливските земји, додавајќи дека „сериозни разговори се во тек“. Во објава на својата социјална мрежа Трут соушл, тој кажа дека тоа од него го побарале лидерите на Катар, Саудиска Арабија и на Обединетите Арапски Емирати.

    Ме известија дека ќе се склучи договор што е многу поволен за САД. Нема да има нуклеарно оружје за Иран. Сепак, САД ќе бидат подготвени да продолжат со целосен, голем напад врз Иран во секој момент доколку нема прифатлив договор“, рече Трамп.

    Висок ирански воен заповедник им порача на САД да не прават нови стратешки грешки и погрешни пресметки.

    Израелските и американските сили започнаа масовни воздушни напади врз Иран на 28 февруари, но Иран и натаму поседува значителен број беспилотни летала и ракети со кои би можел да ги напаѓа соседните држави.

    Посредникот Пакистан вчера потврди дека им испратил на САД ревидирана верзија на иранските барања.

    Има многу позитивен развој на настаните, но ќе видиме дали ќе доведе до нешто. Имавме периоди кога мислевме и бевме речиси блиску до склучување договор, но тоа не функционираше. Но, ова е малку поинакво. Се чини дека има многу добри шанси за договор со Иран. Ако можеме да го направиме тоа без да ги бомбардираме до смрт, би бил многу среќен“, кажа Трамп.

    Иран и САД договорија прекин на огнот во април, но во меѓувреме не успеаја да постигнат договор за траен мир, а Ормускиот Теснец остана затворен за најголемиот број бродови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира