ВО ШТИП СОВЕТУВАЊЕ ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ВАЖНОСТА НА ЧИТАЊЕТО КНИГИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“

    ВО ШТИП СОВЕТУВАЊЕ ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА ВАЖНОСТА НА ЧИТАЊЕТО КНИГИ ОД ФОНДАЦИЈАТА „ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ“Нашата намера е да ја продолжиме идејата на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, Македонија да стане пристојно место за живеење, кажа Александар Марјановиќ. (Фото: Фондација „Ѓорѓи Марјановиќ“)

    Во Штип се одржа третото по ред стручно советување на тема „Читањето во ерата на екраните – битка помеѓу алгоритмите и книгата“, по повод 24 Mај, Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј.

    Настанот партнерски го организира Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, редакцијата „Детска радост“ на „Просветно дело“ и здруженија на просветни работници од Скопје, Куманово и Штип.

    Организаторите велат дека настанот имаше силен регионален одзив, и обедини наставници и професори од целиот регион.

    „Нашата намера е да ја продолжиме идејата на професорот Ѓорѓи Марјановиќ, Македонија да стане пристојно место за живеење. Преку Академијата за идни лидери ги обликуваме младите по урнекот на Ѓорѓи, но сè почнува од книгата и писменоста. Денес, мобилните телефони влијаат врз детскиот мозок на начин кој предизвикува сериозна зависност, и затоа наша должност е да ги прошириме активностите и заедно со просветните работници да ја поттикнеме автентичната љубов кон читањето“, рече Александар Марјановиќ од Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

    На советувањето учествуваа професорите Трајче Стојанов, Даниела Коцева, Елена Ташкова, Соња Манева, Иле Михајловски, Јована Рилак, Валентина Мулоска и Ксенија Маказлиева-Трајчева, кои ја истакнаа важноста на одговорното користење на вештачката интелигенција и улогата на книгата во емоционалниот и психолошкиот развој на новите генерации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира