НЕПРАВЕДЕН Е ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИДРУЖНО ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ

    НЕПРАВЕДЕН Е ПРЕДЛОГОТ ЗА ПРИДРУЖНО ЧЛЕНСТВО НА УКРАИНА ВО ЕУ, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИБи било неправедно Украина да биде присутна во Европската Унија, но да остане без глас“, рече Зеленски во писмото до лидерите на Унијата. (Фото: АА)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски во писмо до лидерите на ЕУ изјави дека германскиот предлог за доделување „придружно“ членство на Украина во Европската Унија е „неправеден“ бидејќи ќе го остави Киев без глас во рамките на блокот. Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно оваа недела предложи да ѝ се дозволи на Украина да учествува на состаноците и институциите на ЕУ без гласање како привремен чекор кон полноправно членство во блокот што, според него, би можело да помогне во олеснувањето на договорот за ставање крај на четиригодишната војна предизвикана од руската инвазија.

    Како одговор, Зеленски во писмо испратено синоќа, кое го виде Ројтерс, изјави дека отстранувањето на унгарскиот премиер Виктор Орбан – цврст противник на членството на Украина во ЕУ – по изборите минатиот месец создало можност за суштински напредок во преговорите за пристапување.

    „Би било неправедно Украина да биде присутна во Европската Унија, но да остане без глас“, рече Зеленски во писмото. „Време е да се продолжи со членството на Украина на целосен и значаен начин“.

    Писмото беше упатено до претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и до кипарскиот претседател Никос Христодулидес, кој го држи ротирачкото претседателство на Советот на ЕУ.

    Зеленски им се заблагодари на европските лидери за нивната поддршка за време на војната – најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна – и рече дека Украина дејствува како бедем против руската агресија за целиот блок од 27 земји.

    „Ние ја браниме Европа – целосно, не делумно и не со полумерки“, рече 48-годишниот лидер, обвинувајќи ја Русија дека се обидува да го поткопа европското единство и развој. „Украина заслужува фер пристап и еднакви права во рамките на Европа.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира