Возачот на камионот кој ја предизвика сообраќајната несреќа на обиколницата кај Скопје, во која загинаа 4 лица, доби 30-дневен притвор, откако Кривичниот суд во Скопје го прифати предлогот на обвинителот.
Во несреќата на 21 мај загина 51-годишниот баритон и првенец на Националната опера и балет (НОБ) Ристе Велков, неговиот 20-годишен син и уште две момчиња на 20 години.
- НЕПРОПИСНО ВОЗЕЛ 76-ГОДИШНИОТ ВОЗАЧ НА КАМИОНОТ ВО СООБРАЌАЈКАТА ВО КОЈА ЗАГИНАА БАРИТОНОТ РИСТЕ ВЕЛКОВ, СИН МУ И УШТЕ ДВАЈЦА 20-ГОДИШНИЦИ
- БАРИТОНОТ РИСТЕ ВЕЛКОВ Е ЕДЕН ОД ЧЕТВОРИЦАТА ЗАГИНАТИ ВО СООБРАЌАЈКАТА НА СКОПСКАТА ОБИКОЛНИЦА
„Доцна синоќа е определена мерка притвор на осомничениот за сообраќајката на обиколница, поради опасност од бегство и можност за повторување на кривичното дело“ соошти денеска Кривичниот суд.
Обвинителството бараше притвор за возачот поради можност од бегство и да го повтори делото. Седумдесет и шестгодишниот возач од Косово е осомничен за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик (КЗ).
Во информацијата од Обвинителството се наведува дека возачот не ја прилагодил брзината спрема условите на патот и изгубил контрола над возилото по што ја скршил металната ограда и преминал на другата страна од автопатот по што директно се судрил со патничкото возило „бмв“.



