БИТОЛЧАНЕЦ ГРАБНАЛ, ИСТЕПАЛ И ПОВРЕДИЛ 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА КОЈА СЕ ВРАЌАЛА ОД МАТУРСКА ПРОСЛАВА, СЕ БАРА ПРИТВОР

    БИТОЛЧАНЕЦ ГРАБНАЛ, ИСТЕПАЛ И ПОВРЕДИЛ 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА КОЈА СЕ ВРАЌАЛА ОД МАТУРСКА ПРОСЛАВА, СЕ БАРА ПРИТВОРДевојката успеала да се ослободи и со случаен минувач да побара помош. (Фото: СДК.МК)

    Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец кој грабнал, истепал и повредил 18-годишна девојка која се враќала од матурска прослава. Осомничен е за кривичното дело Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со која биле во блиски лични односи. Додека оштетената се враќала од матурската прослава, ја пресретнал со автомобилот. Таа влегла внатре, по што осомничениот почнал да вози, и го зел мобилниот телефон и не и дозволувал да замине. Оштетената го молела да ја пушти да излезе и кога запреле на една локација се обидела да го напушти возилото, но осомничениот тргнал по неа и започнал да ја удира. Ја внел повторно во автомобилот и продолжил да ја удира и со тупаници, предизвикувајќи и телесна повреда и крварење од носот. Девојката успеала да се ослободи и со случаен минувач да побара помош“, соопшти Обвинителството.

    Имајќи ја предвид опасноста од бегство, фактот дека осомничениот и претходно се јавува како сторител на насилство и други кривични дела, како и особено насилничкиот и контролирачки порив кон младата жртва на што укажува начинот на извршување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира