На 77 години почина новинарот, дипломат и министер во првата македонска влада Мартин Треневски, објави неговото семејство.
Роден во Скопје во 1949, Треневски дипломирал англиски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје и потоа магистрирал политички науки, а кариерата ја почнал во новинарството. Во 1980-тите бил именуван за дописник на „Танјуг“ од Австралија и Јужен Пацифик и во тој период се поврзал со македонската заедница во Австралија и активно ја афирмирал.
Во периодот на осамостојувањето на Македонија, станал член и активист на ВМРО-ДПМНЕ и потоа беше министер за информации во првата македонска влада. Подоцна беше и министер за иселеништво. Како дипломат беше амбасадор на Македонија во Шведска, Норвешка, Финска, Естонија и НАТО и генерален конзул во Торонто.
За својата работа како новинар, публицист и дипломат доби повеќе домашни и меѓународни награди и признанија, меѓу кои и највисоката новинарска награда во Македонија, „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ во 1983 година.



