ВЕЌЕ ИМАМЕ 500 МЕТИ ВО БЕЛОРУСИЈА – УКРАИНА ГО ПРЕДУПРЕДИ ЛУКАШЕНКО ДА НЕ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ВОЈНАТА

    ВЕЌЕ ИМАМЕ 500 МЕТИ ВО БЕЛОРУСИЈА – УКРАИНА ГО ПРЕДУПРЕДИ ЛУКАШЕНКО ДА НЕ СЕ ВКЛУЧУВА ВО ВОЈНАТАВо Украина расте загриженоста дека Белорусија може да биде подлабоко вовлечена во војната (Фото: АП)

    Командантот на украинските сили за беспилотни системи, Роберт Бровди-Маѓар, изјави дека веќе идентификувале 500 потенцијални мети во Белорусија, предупредувајќи го Александар Лукашенко против подлабокото вклучување на Минск во војната на Русија против Украина.

    Првите 500 цели се веќе идентификувани. Бесплатен и многу практичен совет: не се закачајте со Украина“, напиша Бровди на Фејсбук.

    Тој истакна дека девет од 13-те руски рафинерии за нафта престанале да работат по нападите на украинските беспилотни летала.

    Во Украина расте загриженоста дека Белорусија може да биде подлабоко вовлечена во војната. Володимир Зеленски се сретна со пребегнатата лидерка на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја во Киев оваа недела, само неколку дена откако Лукашенко предложи средба со Зеленски.

    Украина никогаш не била закана за Белорусија. И ние сме им благодарни на оние Белоруси кои сега стојат со Украина, во време кога се одлучува за судбината и на нашата независност и на независноста на секоја нација која граничи со Русија“, кажа Зеленски.

    Во април, Зеленски рече дека врз основа на воените извештаи на Украина, Белорусија гради патишта кон украинската граница и поставува артилериски позиции во близина на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира