Писателката Гордана Јовиќ-Стојковска е нова претседателка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) избрана на вчерашното Собрание, соопшти ДПМ. Јовиќ-Стојковска, која живее и работи во Скопје, е српско-македонски романсиерка, раскажувачка, поетеса, преведувачка и книжевена критичарка, која твори на српски и македонски јазик.
„Верувам дека имаме многу добро конципирана изборна програма и дека успешно ќе соработуваме. Па и половина од замисленото да го направиме, соработувајќи во рамки на Друштвото, со особен обѕир кон членовите надвор од Скопје, како и од заедниците – ќе биде одлично“, рече по изборот Јовиќ-Стојковска.
За членови на новиот Управниот одбор на ДПМ се избрани досегашниот претседател Живко Грозданоски и Петар Андоновски, Драгана Евтимова, Хана Корнети, Елизабета Јончиќ и Сеида Бегановиќ. За членови на Судот на честа избрани се писателката Ирена Јурчева, поранешната претседателка на ДПМ Соња Стојменска-Елзесер и авторите Диме Ратајкоски, Марина Мијаковска и Иван Антоновски.



