НЕ E ИСКОСЕНА ТРЕВАТА НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТА

    НЕ E ИСКОСЕНА ТРЕВАТА НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА СЕЗОНАТАТревата е неискосена на „Горица 3“, една од најпосетенте плажи од туристите и локалците (Фото: СДК.МК)

    Пред почетокот на туристичката сезона во Охрид, тревата на дел од плажите уште не е искосена.

    Висока трева, меѓу другите, има и на плажата „Горица 3“, која е најпопуларна за охриѓани и за туристите поради тоа што е со бесплатен влез и се доаѓа со сопствени реквизити. Оваа плажа ја избираат и поради близината на центарот на Охрид, природните сенки и нејзината должина.

    Во текот на сезоната, на плажата работи еден шанк и една сендвичара и се издаваат лежалки во одреден дел, а останатиот е слободен.

    Паркингот лани се наплатуваше 200 денари на ден, а некои од туристите и локаците, за да избегнат плаќање, се паркираат во шумата над плажата или на улицата што води кон плажата „Горица 3“.

    Оваа плажа претходно беше позната како „Немо“. Шанкови имаше до јуни 2020.  Тогашната Влада со Уредба го забрза процесот на уривање на дивоградбите во Охрид и беше отстранета урбаната опрема и шанковите.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира