Со настапите на Пајак, Слаткаристика и групата „Зијан“, синоќа во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на „Мега шопинг парк“. Овој настан во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално почна со работа овој трговски парк.
Четиридневната забава за отворањето почна со настапи на Тамара Тодевска и грчката пејачка Иви Адаму, продолжи со Кирил Џајковски и Никифор,Северина и Жаре Бербер. Финалната вечер помина во знакот истакнатите рапери Пајак и Слаткаристика, а посебен акцент беше ставен на локалната рок легенди, групата „Зијан“. Паралелно со вечерниот дел, во текот на денот се реализираше и богата содржина за најмладите во која учествуваа „Фамилија 5+“, „Патролни шепи“ и бројни професионални аниматори.
„Мега шопинг паркот“ се простира на површина од над 20.000 квадратни метри и опфаќа различни функционални зони. Има Модна зона (Fashion zone) на површина од 12.000 квадратни метри, специјализирана зона за домаќинство (Home Decor) и за алати (DIY) која зафаќа 5.000 квадратни метри, најголемата зона во регионот за куглање и гејминг (Bowling & Gaming Arcade) на површина од 2.500 квадратни метри, како и делот за храна (Gourmet Avenue). Трговскиот парк располага и со смарт и еко сегмент со 12 брзи полначи за електрични возила.
Реализацијата на овој проект претставува значаен придонес во развојот на Гевгелија, позиционирајќи го „Мега шопинг парк“ како стратешка дестинација за пазарување и социјализација која ги обединува посетителите од целиот регион, велат од компанијата.
*Комерцијална објава



