Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени откако Русија изведе голем воздушен напад врз Украина. Погодени се и станбени згради во Киев, при што итните служби брзаат да спасат луѓе затрупани под урнатините.
Сирени за воздушна тревога ноќеска се огласија во речиси целата Украина. Ова следува откако Русија минатата недела предупреди дека ќе лансира систематски напади врз Украина како одмазда за украинскиот напад врз студентски дом во окупираниот Луганск, кога загинаа 21 лице. Украина тврдеше дека нападнала елитна руска единица за дронови.
Досега е потврдено дека загинале шест лица во Днипро и четири во Киев. Големи облаци чад можеа да се видат како се издигаат од центарот на Киев, а градоначалникот Виталиј Кличко ги повика луѓето да останат во засолништа.
„Непријателот напаѓа со балистички ракети“, рече шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
Меѓу погодените згради во Киев е станбена 24-катница, при што Кличко рече дека се стравува оти луѓе се заробени под урнатините.



