Педесет и двегодишен пациент доби ново срце, а 23-годишно момче бубрег, по трансплантацијата од починат дарител, соопшти Министерството за здравство.
52-годишниот пациент од 2021 е на националната листа за трансплантација. Донирани се и коскени ткива. Пациентите се во стабилна состојба.
„Огромна почит до семејството на починатиот донор, кое со оваа храбра одлука одлучи да го промени крајот на нечија приказна. Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници”, вели проф. д-р Билјана Кузмановска, национална координаторка за трансплантација.



