Пијаниот 72-годишен Д. М. од битолското село Бистрица возел трактор и предизвикал сообраќајна несреќа, соопштија од СВР Битола. Тој на 2 јуни околу 14 часот на локален пат за село Бистрица, возејќи трактор се судрил со патничко возило при што била причинета материјална штета.
Полицајците со алко-тест му измериле 1,77 промили алкохол во крвта, повеќе од два пати од максимално дозволеното ниво кое е 0,5 промили. Полицајците го уапсиле и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



